Почетна

Одржливоста на проектот CwVI ќе се обезбеди преку промоција на коалиција на 18 јавни и приватни институции и партнери, 25 февруари 30,214 скринирани деца! Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот на Алсат 3.10.2018

Одржливоста на проектот CwVI ќе се обезбеди преку промоција на коалиција на 18 јавни и приватни институции и партнери, 25 февруари

Денес, проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот организираше јавна дебата и промотивен настан во Клуб на пратеници. Целта на настанот беше да се промовираат резултатите од проектот до денес, како и да се промовира широка коалиција на пар…

Read more

30,214 скринирани деца!

Проектот за децата со пречки во видот ја заврши 2018 година со 30,214 очни скрининзи кај децата. Тоа е голем успех и ја надминува целта од 23,000 до крајот на 2018 година. Се гледаме во 2019 година!

 

Read more

Промоција на книга на Браево, 12 мај

Во недела на Саемот на книга се одржа промоција на книгата “Сонливи приказни од тајната шума” од авторката Алма Растодер. Книгата е напишана на три јазика македонски, босански и албански. Секако во оваа промоција учествуваше и Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот со адаптација и принтање на книгата на Браево писмо за слепите и лицата со пречки во видот.

Повеќе

Работилница за правилна интеракција со лица со оштетен вид, 8 мај

На 8 мај 2019 година се одржа работилница за правилна интеракција со лица со оштетен вид за старателите на лицата со посебни потреби. Обуката се состоеше од совети за соодветен третман на лицата со оштетен вид, демонстрација преку симулација на вежби на реални ситуации со кои се соочуваат секојдневно и презентација на едукативно видео. Спојување на корисници со лични асистенти од програмата за обука на лични асистенти.

Повеќе

Часови во Ресурсните центри, 3 мај

Во Ресурсните центри се целосно одржани часовите според неделниот распоред. Вкупно четири наставни паралелки се одржаа во четирите Ресурсни центри во Велес, Штип, Тетово и Битола (со исклучок на училиштето за слепи во Скопје).

Неделнo истакнување: Час по математика во Штип – множење и делење на 9. Час по уметност – цртање на портрет на Гоце Делчев со помош на светлоста.

Повеќе

Скрининг на очи во ЗОО, 12 мај

Проекто на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот континуирано ги спроведува скрининзите како и поддршката за нивно спроведување во служба на граѓаните. Во Зоолошката градина на Скопје беше успешно реализиран скрининг со Лајонс клубовите.

Повеќе

Очен скрининг на Водно, 11 мај

Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот во рамките на одбележувањето на заеднички настан со Лајонс клубовите, Планинарски клуб Бистра и  Петар Ренџов и Тумбао Салса Бендот даде свој придонес со скрининг и мерење на очен притисок.

Повеќе