Работилница за правилна интеракција со лицата со оштетен вид вид во Табановце и Лојане, 19 февруари

На 19-ти февруари се одржа едукативна обука за правилно постапување со лица со оштетен вид наменета за тимовите од Центарот во Табановце и мобилните тимови од Липково и Лојане. На овие локации, Црвен крст на град Скопје работи со мигрантите кои пристигнале во Северна Македонија.

Обуката се состоееше од презентација на работата на Центарот за поддршка за лицата со оштетен вид, совети за правилно постапување со тие лица преку практична работилница и едукативно видео. На работилницата беа опфатени практични демонстрации преку вежби на реални ситуации со кои лицата со оштетен вид се соочуваат секојдневно.

Тимовите покажаа голем интерес во одржаните активности, и беа целосно вклучени во сите вежби, добивајќи ги така сите потребните знаења, совети и упатства за правилно постапување со лицата со оштетен вид. Оваа обука е од голема корист за тимовите поради нивната работа и директен контакт со една специфична група – мигрантите. Во обуката учествуваа 22 учесници, и 4 членови на тимот од Центарот за поддршка за лицата со оштетен вид.