CwVIP го презентираше стручниот труд на Меѓународната Конференција, 13-15 Септември

Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот оваа година го поднесе стручниот труд на 5-ата меѓународна конференција за специјална едукација „Трансформација кој одржливо и флексибилно општество за лицата со пречки во видот“ која се одржа во Охрид од 13-ти до 15-ти септември, 2018.

Координаторот на проектните специјални едукатори, Ангелка Велковска, презентираше стручен труд „Инклузија преку ресурсни центри“ каде детално ја објасни практиката на имплементирање на ресурсните центри за децата со пречки во видот.
Исто така, трудот ја содржи и визијата за трансформирање на државното училиште за децата со пречки во видот во државен ресурсен центар и регионални ресурсни центри (постоечките 4-ри), потполно поддржан од образовните власти.

Целокупниот труд е објавен во официјален Зборник на трудови.