Денес, на 22-ри декември, нашиот проектен тим заедно со д-р Дејан Шеќеринов продолжија со скрининг активностите во две градинки.
Во градинката „ Весели Цветови – Ѓурѓица“ каде беа прегледани 29 деца на возраст од 3 до 6 години, и 4 од нив беа упатени за понатамошен очен преглед.
Во градинката „8-ми Март – Ѕуница“ се спроведоа 37 очни прегледи на децата од 3 до 6 години, од кои 6 дечиња беа упатени за понатамошен очен преглед.