Работилница за правилна интеракција со лица со оштетен вид, 8 мај

На 8 мај 2019 година се одржа работилница за правилна интеракција со лица со оштетен вид за старателите на лицата со посебни потреби. Обуката се состоеше од совети за соодветен третман на лицата со оштетен вид, демонстрација преку симулација на вежби на реални ситуации со кои се соочуваат секојдневно и презентација на едукативно видео. Спојување на корисници со лични асистенти од програмата за обука на лични асистенти.