Работилница за обука на специјални едукатори во Охрид, 9 октомври

На 9-ти октомври, 2018 во Охрид, Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот (CwVI) организираше обука за специјални едукатори на различни теми за работа со ученици со пречки во видот и нивна инклузија во редовното образование во Охрид. Сите учесници работат редовни училишта.

Теми кои беа опфатени за време на работилницата: процесот на инклузија во образованието во Македонија, целта на ресурсните центри во инклузивниот процес, карактеристики на децата со пречки во видот, процена на функционален вид, водење на лица со пречки во видот, работна стратегија со децата со пречки во видот и иднивидуален образовен план.

Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот ги спроведува овие обуки во соработка со Сојузот на специјални едукатори (дефектолози) на Македонија и Министерството за образование и наука на Македонија. Овие работилници им овозможуваат на специјалните едукатори и редовните училишта да понудат подобри образовни можности и услови на децата со посебни потреби, преку промоција на ресурсните центри во 5 градови во рамки на редовните училишта како главни носители на инклузивниот процес во следниот период.