Часови во ресурните центри на Проектот, 23 ноември

Специјалните едукатори ангажирани од Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот континуирано работат со децата со пречки во видот во ресурсните центри лоцирани во Тетово, Велес, Штип и Битола.

Изминатава недела тие оддржаа 40 часови со вкупно 30 дете со пречки во видот и се фокусираа на следниве предметите:

  • математика- логички игри, собирање, одземање, парни и непарни броеви, изучување на 2 и 3 димензионални форми;
  • јазици- повторување на изучените букви и учење на нови, читање на приказни и подредување на зборови точно во реченица;
  • биологија – изучување за здрава храна и користење на смарт таблата за информации и слики од здрава храна.

Што се однесува до рехабилитацијата, тие се фокусираа на вежби за подобрување на фината и грубата моторика, вежби за подобра визуелна перцепција, визуелна стимулација и психомоторна реедукација.

Едукаторите имаа постојана комуникација со наставниците и родителите на децата со пречки во видот. Нивната напорна работа и посветеност е многу значајна за прогресот на децата.