Во недела на Саемот на книга се одржа промоција на книгата “Сонливи приказни од тајната шума” од авторката Алма Растодер. Книгата е напишана на три јазика македонски, босански и албански. Секако во оваа промоција учествуваше и Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот со адаптација и принтање на книгата на Браево писмо за слепите и лицата со пречки во видот.