Центар за поддршка на лицата со оштетен вид

Центарот за поддршка на лица со оштетен вид е имплементиран од страна на подимплементаторот на проектот – Црвен крст на град Скопје. Обезбедува поддршка, како што е професионална обука за вработување, мобилност, пристап до услуги и застапување.

Отворен е од 09:00 до 17:00 часот  секој работен ден во просториите на Црвениот крст на Македонија.

Активностите на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид имаат за цел да го подобрат квалитетот на живот преку организирање едукативни работилници, психолошко советување за лицата со оштетен вид и нивните семејства, социјализација, административна поддршка за остварување на нивните права, превенција на болести и подигнување на свеста за потребите на лицата со оштетен вид.

1. Првиот вид на поддршка кој е понуден на корисниците на дневна основа е регуларно психолошко советување, социјализација, споделување на информации и совети во врска со инклузија и користење на социјалниот и здравствен систем за грижа во Р. Македонија на лицата со оштетен вид и нивните семејства.

2.Вториот вид на поддршка кој се нуди е за развој на кариерни вештини со цел да се оспособат слепите и слабовидните лица да работат во професионална околина.

Овој тип на поддршка вклучува: а) развој на основните вештини, како: ориентација, готвење и јадење, лична нега и хигиена, независно секојдневно функционирање;
                                                             б) Центарот за поддршка нуди регуларни курсеви за развој на кариерни вештини, како што се: читање и пишување на Брајово писмо, користење на компјутери и технологија, и инаку недостапни едукации за нив како безбедност и прва помош, поезија, курс по англиски јазик, комуникациски и административни работи, односно сите нешта кои ќе ги оспособат лицата со оштетен вид да бидат покомпетитивни на пазарот на трудот.

Исто така, Центарот за поддршка ќе работи корисниците да ги развијат меките вештини, како што се: пишување на CV (кратка биографија), мотивациско писмо, конкурирање за работа итн. Успешни приказни на лицата со оштетен вид ќе бидат презентирани на корисниците за да ја подобрат нивната мотивација.

3.Како трет вид на поддршка на Центарот е да служи за  поврзување на јавниот и приватен сектор со цел да се бараат можности за вработување на корисниците преку посети на компании, јавни настани и кариерни саеми.

МЕСЕЧНА ПРОГРАМА НА АКТИВНОСТИ ЗА АПРИЛ 2019

 

Период Активност
01.04.2019

(Понеделник)

Почетен курс  по англиски јазик.
03.04.2019

(Среда)

Напреден  курс по англиски јазик
04.04.2019

(Четврток)

Тим билдинг работилница
05.04.2019

(Петок)

Напреден  курс по англиски јазик
07.04.2019

(Недела)

Часови за пливање за лица со оштетен вид и рекреативни посети на базенот „Борис Трајковски“
08.04.2019

(Понеделник)

Почетен курс  по англиски јазик.
10.04.2019

(Среда)

Напреден  курс по англиски јазик.
12.04.2019

(Петок)

Напреден  курс по англиски јазик.
14.04.2019

(Недела)

Часови за пливање за лица со оштетен вид и рекреативни посети на базенот „Борис Трајковски“
15.04.2019

(Понеделник)

Почетен курс  по англиски јазик

Креативна работилница со учениците од ДУРДМОВ „Димитар Влахов“

16.04.2019

(Вторник)

Мотивациска работилница со учениците од ДУРДМОВ „Димитар Влахов“
17.04.2019

(Среда)

Напреден  курс по англиски јазик

Предавање за прва помош адаптирано за лицата со оштетен вид

18.04.2019

(Четврток)

Работилница за изработка на рачни ракотворби
19.04.2019

(Петок)

Напреден  курс по англиски јазик
21.04.2019

(Недела)

Часови за пливање за лица со оштетен вид и рекреативни посети на базенот „Борис Трајковски“
22.04.2019

(Понеделник)

Почетен курс  по англиски јазик

Работилница за плетење

 

23.04.2019

(Вторник)

Друштвени игри ( шах, домино, карти…)
24.04.2019

(Среда)

Напреден курс по англиски јазик
26.04.2019

(Петок)

Напреден курс по англиски јазик
28.04.2019

(Недела)

Часови за пливање за лица со оштетен вид и рекреативни посети на базенот „Борис Трајковски“
29.04.2019

(Понеделник)

Почетен курс по англиски јазик