Еден од ресурсните центри на проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот е и ресурсниот центар во Штип, лоциран во Основното Училиште “Ванчо Прќе„.
Корисници на возраст од три до седум години активно ја користат асистивната технологија која ресурсниот центар ја поседува: Механички пишувач на Браево, смарт интерактивната табла, Браевиот дисплеј и тастатура, и специфични материали по сите предмети.
Сите услуги во рамки на Центарот се бесплатни.
ЛОКАЦИЈАТА НА РЕСУРСНИОТ ЦЕНТАР ВО ШТИП
За воспитно-образовниот и рехабилитацискиот процес во овој ресурсен центар е одговорен специјалниот едукатор Јадранка Јовева (jackavelickovska@yahoo.com; Контакт од тимот на Проектот: cwvi@seeu.edu.mk).