Ресурсен центар ТЕТОВО

Еден од ресурсните центри на проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот е лоциран во Тетово.
Во Ресурсниот Центар во Тетово се организираат часови за деца со оштетен вид, како и за деца со комбинирани пречки во развојот, на различна возраст.
Некои од нив посетуваат настава во редовни училишта, а некои во посебни специјализирани училишта, но имаме и деца кои никогаш не постувале воспитно-образовна установа.

Сите услуги во рамки на Центарот се бесплатни.

                               ЛОКАЦИЈАТА НА РЕСУРСНИОТ ЦЕНТАР ТЕТОВО – Основното Училиште „Братство – Миѓени“

За воспитно-образовниот и рехабилитацискиот процес во овој ресурсен центар е одговорен специјалниот едукатор Алмира Бакија (almira.bakija@hotmail.com; Контакт од тимот на Проектот: cwvi@seeu.edu.mk).