Еден од ресурсните центри на проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот е и ресурсниот центар кој се наоѓа во Велес, во основното училиште“Васил Главинов„
Како поткрепа за реализирање на едукативниот процес, овој ресурсен центар е опремен со различна високотехнолошка асистивна технологија: механички пишувач на Браево, смарт интерактивни табли, Браевиот дисплеј и тастатура, специфични материали по сите предмети итн.
Сите услуги во рамки на Центарот се бесплатни.
ЛОКАЦИЈАТА НА РЕСУРСНИОТ ЦЕНТАР ВО ВЕЛЕС
За воспитно-образовниот и рехабилитацискиот процес во овој РЦ е одговорен специјалниот едукатор Ефтимија Карбева (eftimija.k@gmail.com; Контакт од тимот на Проектот: cwvi@seeu.edu.mk).