Еден од ресурсните центри на проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во вид се наоѓа во Битола, лоциран во Основното Училиште “Св.Климент Охридски„.
Корисници од 7 до 14 годишна возраст активно го посетуваат ресурсниот центар. Со помошта на специјалните едукатори и асистивната технологија, овие корисници ги подобруваат нивните вештини и знаења со учење на различни теми поврзани со нивниот наставен процес и во редовните училишта, истовремено дружејќи се со нивните врсници.
Сите услуги во рамки на Центарот се бесплатни.
ЛОКАЦИЈАТА НА РЕСУРСНИОТ ЦЕНТАР ВО БИТОЛА
За воспитно-образовниот и рехабилитацискиот процес во овој ресурсен центар се одговорни специјалните едукатори Андријана Шоклраровска (andrijanashoklarovska@yahoo.com) и Тесалија Жирова (tesalija2002@yahoo.com); Контакт од тимот на Проектот: cwvi@seeu.edu.mk.