Ресурсни центри

Во рамките на едукативната компонента на проектот, 5 тотално функционални ресурсни центри се отворени низ територијата на Република Македонија, поточно во Тетово, Велес, Штип, Битола и Државното Училиште за Рехабилитација на Деца и Младинци со Оштетен Вид “Димитар Влахов„ во Скопје. Секој од ресурсните центри (РЦ) е опремен со високотехнолошка асистивна технологија која го подобрува образовниот процес на децата со пречки во видот.

Опремата вклучува визуелна асистивна технологија, дидактички материали, дигитални зголемувачи, механички машини за пишување на Браево, Браеви принтери, интерактивни смарт табли, друга асистивна технологија како што е Браевиот дисплеј и тастатура, специфични материали по сите предмети итн.

Проектот ги адаптираше сите учебници за основно училиште во Браево писмо на Македонски и Албански јазик за прв пат во Република Македонија.
Специјалните едукатори кои што ги предводат ресурсните центри, се вработени од проектот, и вкупниот број на учесници во ресурсните центри е околу 70 деца со пречки во видот и комбинирани пречки од различни возрасти.

Во иднина се надеваме дека ваквиот вид на ресурсни центри ќе биде главниот носител на инклузивно едукативниот процес.

« 1 на 2 »