За Проектот

Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот е пет и пол годишен проект
започнат во октомври 2014 година и се имплементира преку Универзитетот на Југоисточна
Европа, финансиран од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и
меѓународната фондација на Лајонс Клубовите (ЛЦИФ).

Главната цел на проектот е да се зголемат образовните можности за децата со пречки во
видот преку писменост и пристап до образование како и рано откривање на евентуални очни
болести. Проектот е составен од образовна, медицинска и социјална компонента.

Образовна компонента

  • 5 целосно опремени и функционални ресурсни центри во пет градови во Македонија (Скопје, Тетово, Велес, Штип и Битола) каде деца со пречки во видот посетуваат дополниелна настава. Секој центар е опремен со визуелни помагала, дидактички материјали, зголемувачи на текст, фјузери, Браеви диспеи, Браеви машини, специјални помагала за математика, уметност, наука и сл.;
  • 120 учебници од основно образование адаптирани на Браево писмо од македонски и албански јазик. Дополнителни 20 книги (детски книги) се адаптирани на Браево.;
  • 70 аудио книги достапни за слушање;
  • Контринуирана поддршка и обука на 36 специјални едукатори кои работат во ресурсните центри. (дополнителни обуки за дополнителни 100+ специјални едукатори и редовни наставници од цела Македонија од сите државни училишта)
  • Квиз на знаење со над 5000 прашања од основно образование, прилагоден за децата со пречки во видот. Секој може да го игра квизот сам, со неколку играчи или мрежно. Наставниците имаат привилегија да создадат свој квиз и да го споделат со своите ученици;
  • Инклузивни спортски активности за деца со пречки во видот се одвиваат неколку пати неделно со различни групи на корисници од ресурсните центри како и од центарот за подршка на лицата со пречки во видот од Скопје;
  • Континуирани вонучилишни инклузивни активности за децата со пречки во видот

 

       Медицинска компонента:

         Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот соработува со Здружението на Офталмолозите, Државна Универзитетска очна клиника во Скопје, приватната очна клиникаСистина Офталмологијаи очните клиники од другите градови во скрининг активностите.

         Проектниот тим на офталмолози, составен од 20 истакнати офталмолози, спроведуваат континуирани очни скрининзи во градинките и некои од основните училишта помеѓу 1-3 одделенците. Од 2015 година до сега во градовите Скопје, Куманово, Берово, Велес, Штип, Струмица, Богданци, Битола, Крушево, Охрид, Струга, Кичево, Тетово, Гостивар како и руралните области се прегледани преку 21.725 деца 3-6 години или  во просек со 3 скрининг активности неделно.

        Исто така континуирано се спроведуваат презентации за родителите и дистрибуција на Лајонс програмата за заштита на здравјето на очите (LEHP), поддршка на вон-училишните активности, како и активности за подигнување на јавната свест за предизвиците со кои се соочуваат лицата со пречки во видот.


  • Социјална компонента
    :

Проектот отвори Центар за поддршка за лицата со пречки во видов во Скопје, во соработка со Црвениот Крст на град Скопје. Главната цел на центарот се активности и сесии за вештини, како на пример: адаптиран и сертифициран компјутерски курс, часови по основен и напреден англиски јазик, часови по пливање, психолошки советувања, планинарење, готвење, социјализација, споделување на искуства и совети за инклузија и подобрување на системот за социјална и здравствена заштита во Македонија, асистенција при транспорт и мобилност, развивање на меки вештини, знаења и подготвки за вработување за лица пречки во видот и слепи лица. Обуки и сесии за подршка се одвиваат во центарот секојдневно.

За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете:

USAID Macedonia Website | USAID Macedonia Facebook
USAID Macedonia Twitter | USAID Macedonia YouTube