Презентација на Арапската федерација на слепи лица во Скопје, 20 ноември 2018

На 20 ноември, 2018, претседателот на Арапската Федерација за слепи лица, Др. Калед Ал Неими од Катар, оддржа инвормативна презентација во Центарот за поддршка во рамки на Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот. Тој ги сподели нивните искуствата како и препораки за подобрување на состојбите кај лицата со пречки во видот во Македонија, како и можност за заедничка соработка во иднина. На крајот од презентацијата се разви корисна дискусија со учесниците.

На настанот покрај проектниот тим присуствуваа корисници на Центарот за поддршка,  претставници и членови на Сојузот на слепи лица на Македонија, како и тимот на Проектот.