Одржливоста на проектот CwVI ќе се обезбеди преку промоција на коалиција на 18 јавни и приватни институции и партнери, 25 февруари

Денес, проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот организираше јавна дебата и промотивен настан во Клуб на пратеници. Целта на настанот беше да се промовираат резултатите од проектот до денес, како и да се промовира широка коалиција на партнери кои проектот ги има развиено во изминатиот период, и кои ќе продолжат да ги поддржуваат и спонзорираат активностите на долг рок.

“Беше голема чест за американската влада да има мала улога во напорите на над 18 организации во Северна Македонија да обезбедат услуги за инклузија на лицата со оштетен вид. Опсегот на организациите кои придонесуваат за овој напор е извонреден. Им честитам на сите вас за огромните резултати до денес и за вашата посветеност да продолжите да работите заеднон и понатаму. ” – рече амбасадор на САД во Северна Македонија, неговата екселенција г. Џес Бејли.

Директорот на Проектот д-р Шпетим Љатифи се обрати на присутните со благодарност за покажаното партнерство и заеднички заложби, а потоа ги презентираше и 5 годишните резултати од реализацијата на проектот од 2014 година.

Министерот за образование и наука, г-дин Арбер Адеми, рече дека е големо задоволство да ги види огромните резултати од проектот. Тој е голем поддржувач на проектот и вети дека ќе ги преземе сите потребни чекори и активности за да продолжи да ги поддржува активностите на проектот по официјалното завршување на поддршката на УСАИД и ЛЦИФ.

Министерот за здравство г-дин Венко Филипче му се заблагодари на тимот на проектот и на г-дин Шпетим Љатифи како директор на проектот, за неговите напори да обезбеди подобри здравствени услуги и превенција на очни болести кај децата на возраст од 3 до 6 години и вети дека законот за здравствена заштита ќе се измени и очниот скрининг кај децата од 3 до 6 години ќе стане задолжител. Исто така, Министерството ќе го поддржи спроведувањето на скининзи по 2019 година.

Министерката за труд и социјална политика г-ѓа Мила Царовска вети дека ќе ја подобри поддршката за лицата со оштетен вид, преку обезбедување поголема техничка поддршка и обуки за корисниците на центарот за поддршка на лицата со оштетен вид.

Благица Петреска, корисник на проектот за децата со пречки во видот ја сподели својата лична приказна со публиката, знаењата и вештини што таа ги стекнала од многуте работилници во кои таа и другите корисници учествуваа. Благица има завршено курсот по англиски јазик, уметнички работилници и курс за писменост на браилова азбука.

Настанот беше проследен со отворена дискусија за многу прашања и проблеми инспирирани од проектот за децата со пречки во видот. Во дискусијата беа вклучени повеќе од 20 учесници и целиот запис ќе биде дистрибуиран до сите учесници, со посебен акционен план од секое министерство.

Подолу може да најдете линкови до сите медиуми кои го покриваа овој настан.

 

Успешна имплементација на проектот за поддршка на лицата со оштетен вид во земјата инициран од УСАИД и Лајонс Клуб

Vecer

https://a1on.mk/archives/1019673

https://press24.mk/prodolzhuva-implementacijata-na-proektot-za-poddrshka-na-licata-so-oshteten-vid-vo-zemjata-iniciran

Адеми: Продолжува проектот за поддршка на лицата со оштетен вид

https://makfax.com.mk/uncategorized/%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%B8/

MTM

Проект за поддршка на лицата со оштетен вид инициран од УСАИД и Лајонс Клуб

 

Проект за поддршка на лицата со оштетен вид инициран од УСАИД и Лајонс Клуб

 

Проект за поддршка на лицата со оштетен вид

 

Адеми: Продолжува проектот за поддршка на лицата со оштетен вид

 

Во пет центри поддршка на лицата со оштетен вид