Одбележување на продолжувањето на проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот

Денес Проектот на УСАИД и LCIF за децата со пречки во видот (CwVIP) го одбележи продолжувањето на проектот за следните 36 месеци. Проектот за децата со пречки во видот, ко-финансиран од УСАИД и Меѓународната фондација на Лајонс клубовите е имплементиран од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа и работи на зголемување на квалитетот и пристапноста на образовни услуги за децата со оштетен вид, со посебен фокус на писменост преку обезбедување на учебници на Брајово писмо на локалните јазици. Исто така врши скрининг кампањи за преглед на очи кај децата од предучилишна возраст.

По тој повод CwVIP исто така го одбележа отворањето на првиот центар за поддршка на лицата со оштетен вид во Македонија. Центарот за поддршка ќе ги поддржува лицата со оштетен вид и нивните семејства, со широк спектар на активности и работилници за здравствена заштита, образование и психо-социјална поддршка. Овие активности имаат за цел да ги унапредат комуникациските вештини и да ја зголемат подготвеноста за вработување на лицата со пречки во видот.

Центарот ќе служи како основен давател на социјални услуги во соработка со Националниот сојуз на слепи лица во Македонија. Услугите ќе им даваат можност на лицата со оштетен вид не само да станат свесни за своите права, но исто така да ги застапуваат истите со цел поголема вклученост во општеството и квалитетот на живеење.

Дополнителна цел на проектот е да се промовира инклузијата на лицата со пречки во видот, тие да бидат мотивирани да станат активни и да се залагаат за нивните права, како и да ги поттикнат нивните заедници и другите ранливи групи за подобра социјална инклузија на лицата со посебни потреби. Преку овие активности лицата со оштетен вид ќе можат активно да го остваруваат личниот и професионалниот живот.

Г-дин Едвард Гонзалез – Директор на канцеларијата за развој во УСАИД Македонија, г-дин Слободан Вукичевич – Гувернер на Лајонс Дистрикт 132 Македонија, г-а Николина Трајковска – од Националниот сојуз на слепи лица на РМ, г-а Сузана Т.Пауновска – Секретар на Црвен крст на град Скопје и г-дин Шпетим Љатифи – директор на Проектот имаа свои обраќања.

Истотака по овој повод се организираше и тркалезна маса каде лица со оштетен вид кои успешно ги надминале тешкотиите ги споделија нивните личи искуства.

CwVIP започна во октомври 2014 год., а Центарот за поддршка на лицата со оштетен вид е нова компонента управувана од страна на Црвен крст на град Скопје.

 

Alsat-m.tv MRT2 Telegrafi.com tv21.tv TV Nova  Zhurnal mia.mkpodgorci.infotelegrafi.com24vesti.mkzhurnal.mklajmpress.comtvkoha.tvflaka.infositel.com.mkkanal5.com.mktelegraf.mktvnova.mkrsm.mkmia.mk/sqkurir.mktetovasot.comvistina.mkidividi.com.mk/shqipdenesen.mkmms.mkmreza.mkidividi.com.mkzhurnal.mkbotasot.infoalmakos.com