Наставни часови во сите ресурсни центри, 5 февруари

Сите ресурсни центри на проектот продолжија со дополнителни часови за деца со оштетен вид, според нивната месечна и годишна програма.
Хајлајт  на неделата е ресурсниот центар во Тетово, кој покрај тоа што ладното време и снегот им отежнуваа на корисниците да се движат низ градот, тие се појавија на часови во центарот. Прогресот што овие корисници го направија во изминатата учебна година е извонреден, и специјалната едукаторка Алмира Бакија е многу горда на своите ученици.
Оваа недела тие одржаа часови по Албански јазик, каде што беше третирана темата за зимскиот распуст, а и ја рецитираа песната “Зима”. Исто така имаа математика и физичко.