‘Музеј во куфер’ – проектна активност во Битола

Денес на 22.12.2016 Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот присуствуваше на работилница насловена ‘Музеј во куфер’ во Битола, организирана од страна на Завод и музеј Битола, Ресурсниот центар за деца со пречки во видот од Битола (училиште ‘Трифун Пановски’), музејот од Сарајево и Књажевац, Завод за рехабилитација за деца со оштетен говор и слух-Кочо Рацин од Битола.

Воедно во оваа прилика се потпишува Меморандум за соработка помеѓу Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот и НУ „Завод и музеј“ – Битола со збогатени активности и содржини за слепите и слабовидни лица од Битола, работилници со децата кои го посетуваат центарот за подобро запознавање на културното наследство преку користење на ресурсите и опремата од центарот, печатење на материјали на Браево писмо, стручна помош од страна на специјалните едукатори и сл.

Повеќе информации за настанот на линковите во прилог.