Креативни работилници за децата со пречки во видот, 12 април

Сите часови во Ресурсните центри се одржани според неделниот распоред. Одржани се вкупно 50 часови во сите четири Ресурсни центри во Велес, Штип, Тетово и Битола, вклучувајќи ги и часовите во училиштето за слепи во Скопје.

Посебно е истакнато и неделното гледање на аудитивно-фонемска приказна “Снежана и седумте џуџиња” со учениците со оштетен вид со користење на паметната табла. Учениците ја прераскажуваат приказната со помош на дефектолозите. Потоа, децата создаваат загатка со поврзување на парчиња кои претходно им биле подготвени, прикажувајќи ликови и дела од приказната. На крајот, со користење на паметната табла, ја насликале целата загатка со разни бои.