Едукација за превенција од Туберкулоза наменета за лица со оштетен вид, 4 октомври

На 4-ти октомври, 2018 тимот на центарот за подршка на лицата со пречки во видот оддржаа презентација наменета за едукација и превенција од туберкулоза за лицата со оштетен вид.

Во текот на оваа презентација која што се одржа во Градското Здружение на Слепи Лица, корисници од центарот за подршка заедно со лицата од здружението на слепи лица се запознаа со ова заболување и имаа можност да дискутираат околу истата.