Активности во рамки на центарот за поддршка за лица со пречки во видот, Ноември 23

Центарот за подршка во рамките на проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот е имплементиран од проектниот под-имплементатор, Црвениот Крст на град Скопје, кој обезбедува континуирана поддршка, како професионално обучување за вработување, мобилност, пристап до услуги и застапување.

Оваа недела содржеше бројни активности во центарот за подршка – часови по пливање, часови по Браево, Англиски јазик, индивидуална подршка за подобрување на компјутерските вештини и Англискиот јазик со волонтер од Peace Corps, работилница за персонални асистенти на лицата со пречки во видот и евалуација на персонални асистенти и нивните корисници за употребување на нивните услуги од изминатите 6 месеци се одржаа оваа недела во центарот за подршка.

На 20-22 ноември, во рамките на центарот за подршка се одржа креативна работилница за пишување на драма текст и глума. Проектот „Мојот татко“ вклучува социјална инклузија на младите лица со оштетен вид.